УСЛУГИ

За нашата професионалност, организираност и опременост, најдобро кажуваат многуте реномирани институции со кои соработуваме. ДТУ „Стед Комерц“ ДООЕЛ Скопје ги нуди следните услуги:

»

Континуирано чистење на деловни објекти:

„Стед Комерц“ се истакнува во воведување на трендот превземање на континуирано одржување на хигиена во помали и поголеми институции кое се одвива во два модела (одржување на хигиената со свои хигиеначарки или со превземање на вашите постојни хигиеничарки кои посебно се обучуваат за употреба на нашите современи машини, средства и материјали).

Со ангажирање на нашето друштво за континурано одржување на хигиената ние гарантираме:

  • Многу повисок квалетет на хигиената брагодарејќи на професионалната обука и користење на најсовремена опрема;
  • Намалување на вашите грижи околу организација на хигиеничарките и набавка и дистрибуција на средствата и опремата за работа;
  • Намалување на грижите при замена на хигиеничарките поради нивните најавени и ненајавени отсуства (годишни одмори, боледувања и сл.);
  • Посебно за институции распространети на повеќе големи, а и помали локации во Скопје и низ целата Република (благодарејќи на воспоставената мрежа на редовно вработени хигиеничарки во сите градови во Македонија) добивате континуирано одржување на хигиената колку часа ви се потрбни и плаќате само за толку часови (без да вработувате хигиеничарки со сите придонеси);
  • Сето собрано добивате намалување на трошоците за одржување хигиена во вашите објекти.

»

Генерално чистење на поголеми објекти:

„Стед Комерц“ со проширениот број на професионално обучени вработени (над 130) и со техничката опременост од високо професионални машини, усисивачи, скали, скелиња, современ возен парк како и организираност од страна на менаџерскиот тим може со гордост да гарантира квалитетно ГЕНЕРАЛНО И КОНТИНУИРАНО одржување на хигиена и во најголемите објекти.

»

Чистење на секакви видови на стакло:

ДТУ Стед Комерц е прва компанија во Република Македонија која го донесе искуството за чистење на недостапни стаклени површини и денес може да се пофалиме дека за нас нема недостапно стакло благодарение на одлично обучениот тим и најбезбедната опрема (сертифицирана алпинистичка опрема, атестирани скелиња и скали, дополнителна заштитна опрема од појаси како и најсовремени алатки за чистење на стакло).

»

Чистење на тенди, настрешници и ролетни:

Генералното чистење на ПВЦ тендите, настрешниците и ролетните го вршиме со најсовремено средство (наша деловна тајна), кое не само што чисти туку и заштитува од прерано оштетување, а за достапноста немаме никакви проблеми благодарение на најсовремената опрема и машини кои ги поседуваме и стручно обучениот тим за работа на висина.

»

Чистење на станови:

При чистењето на индивидуалните станови имаме постигнато врвни резултати поради фактот што секоја година бројот на корисници на оваа услуга се повеќе се зголемува, а го вршиме исклучително со тим од најмалку двајца работници. Овој тип на услуга најчесто претставува генерално чистење со најсоверемени средства за чистење и дезинфекција и секако RAINBOW обработка која не е вклопена во цената од ценовникот, односно ви доаѓа гратис.

»

Чистење на влезови:

„Стед Комерц“ е еднинствено претпријатие во Македонија кое максимално се посвети и ја оддржува оваа дејност која е и историска за ова претпријатие како прва дејност со која се појави на нашиот пазар.

Воведувајќи го искуството од западните земји, се организиравме со голема работна единица која го покрива целото подрачје на ниво на град Скопје и денес можеме да ви понудиме професионална услуга со наши професионални хигиеничарки (за кои во секој момент имаме замена во случај на отсуство) и средства и материјали кои ние ги набавуваме и дистрибуираме (вие не губите време), за реално ниски цени (најчесто не повисоки од она што досега сте плаќале).

Со новиот закон за домување пожелно е да не ангажирате со склучен договор и плаќањата кај нас се исклучително на жиро сметка, а во ниската цена е вклучено ДДВ. Не плаќате ништо повеќе а добивате поквалитетно и поорганизирано одржување на хигиена во влезовите од вашите згради.