СЕРТИФИКАТИ

Политика за квалитет, заштита на животна средина и безбедност при работа

Основно определување во политиката на Стед Комерц е да ги задоволи потребите и барањата на корисниците на услуги преку вршење на следните дејности:

  • Континуирано и генерално чистење на станбени и деловни простории, индустриски хали, спортски сали и други поголеми проекти;
  • Чистење на стаклени површини (достапни и недостапни);
  • Машинско чистење и полирање на цврсти подни површини(мермер, гранит, линолеум, плочки, епоксид, терацо и др);
  • Машинско перење на теписи и теписони;
  • Хемиско чистење на гарнитури, столици и друго.

»

Поставувањето на амбициозни, мерливи и остварливи цели придонесуваат за постојано унапредување на квалитетот, заштитата на животната средина и безбедноста при работа. Постојаната обука на вработените, развивање на нивната свест, усовршување на раководството и постојаната контрола врз процесите гарантира дека нашите цели се остварливи за реализација. Менаџментот на Стед Комерц е посветен на постојано подобрување и унапредување на системот за управување со квалитет, системот за заштита на животна средина и системот за заштита и безбедност при работа.

»

Менаџментот на Стед Комерц се посветува на намалување на негативниот ефект врз животната средина преку употреба на еколошки биоразградливи средства и соодветно третирање на отпадот, контрола на аспектите кои имаат негативен ефект, како и контрола на остварувањето на општите и посебните цели за заштита на животната средина. Грижата за животната средина, здравјето и добросостојбата на вработените претставува составен дел од сите одлуки, политики и целокупната практика на Стед Комерц.

»

Практикуваме постојано усогласување со законските и други регулативи во поглед на заштитата на животна средина и безбедност при работа. Спречувањето на појава на несреќи на работните места со примена на највисоки стандарди при користење на опремата, алатите и заштитните средства придонесуваат кон создавање на здрава работна средина и пријатна работна атмосфера. Со применувањето на системот за заштита на здравје и безбедност при работа Стед Комерц на своите вработени им овозможува:

  • Поставување на вработените во работна средина приспособена на нивните психофизички можности и способности.
  • Работни услови кои вклучуваат заштита на вработените од сите фактори штетни по здравјето.
  • Унапредување и одржување на највисоко ниво на физичка, ментална и социјална добросостојба на работниците од сите профили.