КРАТОК ИСТОРИЈАТ

Претпријатието за одржување на хигиена СТЕД КОМЕРЦ е основано во 1989 година во Скопје, како прво претпријатие од ваков вид во Република Македонија. Во своето долгогодишно постоење СТЕД КОМЕРЦ исклучително се занимава со дејноста професионално одржување на хигиена и успешно го пренесува искуството стекнато во една западна земја (Шведска) во оваа дејност.

Менаџерите на сите нивоа со своите одлуки активно се вклучени во постојаното усовршување на квалитетот и на целата општествена одговорност. Преку избор и примена на соодветна методологија и техника на работа и соодветен систем на мотивирање на своите вработени, квалитетот постојано се одржува на највисоко ниво.

СТЕД КОМЕРЦ е меѓу првите компании од областа на хигиената да ги имплементира стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и BS OHSAS 18001:2007 за што има добиено сертификати од реномираната акредитирана странска компанија TÜV NORD.

Благодарение на напред наведеното, СТЕД КОМЕРЦ денес прерасна во компанија со над 150 вработени, опремена со современ возен парк, најсовремени машини и опрема и со над 1000 редовни корисници на услугите, како во град Скопје така и низ цела Република Македонија. Воспоставена е мрежа на вработени извршители во сите градови, спремни да одговорат на сите предизвици во делот на хигиената.

Врвот на успешното постоење и работење СТЕД КОМЕРЦ го доживува во 2013 година со изградбата на сопствен објект со површина од 600m2, во кој се сместени деловните простории, простран магацински простор со рампа за влез на службените возила, сопствен паркинг и два корпоративни станови.