КОИ СМЕ НИЕ?

ДТУ „СТЕД КОМЕРЦ“ ДООЕЛ Скопје веќе 25 години се претставува со професионално одржување на хигиената, пренесувајќи го искуството од западноевропските земји. Водечка и главна инспирација за спроведување на оваа идеја е Шведска, од каде потекнува и самото име СТЕД (шведски: Städ) фирма кое значи фирма за чистење. По својата професионалност и ефикасност сме една од водечките компании во Република Македонија, особено посветена на промовирање и усовршување на дејноста одржување на хигиена во деловни и станбени простории.

Константното подобрување на квалитетот на услугата преку предвидување, следење и задоволување на потребите на потрошувачите, како и редовното вложување во современа опрема, машини и еколошки средства, претставува клуч за нашето успешно работење и конкурентност на пазарот.

Црпејќи ги искуствата од западноевропските земји во изминатиот период успеавме да обучиме и квалификуваме голем број на стручни кадри од оваа област благодарение на одржаните семинари, обуки и посети на странски земји и саеми.

Со целосна организациска посветеност за континуирано подобрување на квалитетот, постојано работиме на усовршување на своите принципи, практика, техники, создавајќи организациска култура во која целокупниот квалитет на услугата и задоволните корисници на услугата се приоритет на секој вработен.

Грижата за клиентите е главен приоритет. „Секогаш постои подобро“ е начело кое ние го прифативме во нашата политика за квалитет, стручно и внимателно водена од менаџерскиот тим и поддржана од сите вработени преку истражување на нови начини и можности за подобрување на квалитетот и ширење на кругот на задоволни корисници.

Нашeто мото е: „Задоволниот корисник на услугата создава нови клиенти“.